Состојбата на американскиот претприемач Илон Муск се зголеми за повеќе од 2 милијарди американски долари за само еден ден, заради рекордната капитализација на неговата компанија ʺТеслаʺ, според податоците на агенцијата Блумберг.

Претходно оваа недела, капитализацијата на ʺТеслаʺ за прв пат во својата историја натврли 100 милијарди долари.

Состојбата на Муск во понеделникот беше 30,9 милијарди долари, а во четвртокот веќе беше 33,3 милијарди долари.

Само во саботата, милијардерот се разделил со 300 милиони долари, што, сепак, не влијаеше на неговото богатство.

Муск има 22% удел во ʺТеслаʺ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO