По повеќе од 100 години се појавија непознати песни, писма и документи на големиот Јаворов. Во сопственост на приватно лице, потврдена е нивната автентичност. Сега тие стануваат достапни за сите во книгата „Непознатиот Јаворов“.

„Непознатиот Јаворов“ раскажува за моментот на животот на поетот-револуционер, кога по вторпат отишол да се бори за ослободување на Македонија. Во тоа време тој бил војводата на чета во Македоно-Одринското ополчение и избран за прв градоначалник на Неврокоп – денес Гоце Делчев – и заедно со уште тројца војводи ја освојуваат самата Кавала.

Сите документи се јасно датирани – октомври 1912 година. Нивната автентичност е силно потврдена од доцентот Милкана Бошнакова, историчар и архивист, специјалист по историја на ослободителното движење на Бугарите во Македонија и Одринско од Ослободувањето (1878) до периодот меѓу двете светски војни.

И паднах сякаш поразен от гръм –

зарових плачещо лице в земята

и чух със сетни сили чуден звън –

звънът на бойната тръба и на войната…

И тук ще стана бучка пръст,

но пак ще съм в теб, Родино!

Дори и да не турят кръст,

ти, майко, пак ще помниш мойто име!

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO