Претседателот Стево Пендаровски на вчерашниот прием за странските амбасадори акредитирани во РС М рече дека очекува веднаш по завршувањето на изборите, брзо да се формира владата и дека доследно ќе ги почитува уставните одредби при доделувањето на мандатот.

Независно од резултатот на изборите тоj очекува и ќе настојува Северна Македонија да продолжи по патот на добрососедството: „Со Преспанскиот договор со Грција и Договорот со Бугарија отворивме простор за да затвориме тешки прашања од минатото и да понудиме сериозен влог во нашата заедничка иднина како пријатели“, рече претседателот Пендаровски.

„Пред нас е период на кампања и вжештена предизборна реторика. Од тие причини, повикувам на поголема внимателност и воздржаност, затоа што мојот народ буквално никогаш во историјата не бил поврзуван со антисемитски сентименти и ставови“, рече уште Пендаровски.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO