Парламентарните и локалните избори во Србија ќе се одржат на 19 или на 26 април, изјави претседателот Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Прва, соопшти МИА од Белград. Вучиќ дефинитивно ја отфрли идејата, за која се залагаше еден дел опозицијата и меѓународната заедница, изборите да бидат во првата недела од мај, односно на 3 мај, што е краен законски рок, поради потребата за спроведување на измените на изборните закони договорени во дијалогот што го имаше власта со дел од опозицијата со посредство на Европскиот парламент.

Поголемиот дел од опозицијата, коалицијата на Сојузот за Србија, како и партиите на поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ – Социјалдемократската партија (СДП) и Нова странка (НС) на поранешниот премиер Зоран Живковиќ најавија бојкот на изборите.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO