Забележан од многу светски историчари како еден од синовите на Хан Кубрат, тој се населува со голема група Прабугари во Панонија. Доста помалку популарен, а важен во историјата на Балканот. Станува збор за Кубер.

Тој прво се населува во Унгарија. Тогаш таа е уште под владеење на големата и силна држава на Аварите. Нивниот владетел решава Кубер да се насели во тамошните предели и го прави локален владетел.

Голем дел од таа област биле потомци од Балканот, одвлечени од Аварите за време на нивните пљачкосувања, со христијанска вера и желба да се врати назад во Византија.

Според некои историчари, бугарскиот водач прави обид заедно со локалното население да ја завземе централната власт, но по претрпен неуспех решава да тргне на југ, напуштајќи ги аварските предели и навлегувајќи во византиските.

За време на повлекувањето, владетелот на Аварите наредува на армијата да го следи Кубер. Според некои извори, има 5 или 6 битки кои се победени од Прабугарите на Кубер и веќе под негова власт, локалното население.

Византијците решаваат целото тоа население да ги насели областите околу денешните македонски градови Прилеп и Битола. Мнозинството од византиското население, кое е заедно со Кубер од северните предели, е одново на територијата на Империјата и решава да се насели во македонските градови и села. Така во македонските области веќе под контрола на Кубер, се населуваат Прабугари, Словени и локалното население, особено во Прилепско и Битолско.

Тоа значи, дека територијата на денешна Македонија, во голем дел завзема етнички микс во кој се вклучени и Прабугарите. Тоа се тврди и од македонски историчари.

Најголемиот дел од истражувачите, Керамесиското поле го локализираат во Пелагонија. Всушност ваквата локција прв ја предложил Тафел уште во првата половина на 19 век, а подоцна од него ја прифатиле и останатите истражувачи кои Керамесиското поле го поистоветуваат со Прилепското или Битолското поле.

При одредувањето на локацијата на Кермесиското поле Тафел и неговите истомисленици поаѓаат од античката населба Керамија, која во Табула Појтингеријана се наведува на патот Стоби и Хераклеја, а во литературата најчесто се лоцира кај Прилеп. Етимолошката поврзаност на имињата на двата топонима е очигледна и не може да се оспори.

Во 680 година, Хан Кубер, поддржан од Словените, решава да го освои Солун и да го направи негов главен град. Кубер навлегол во Солун и ги окупирал областите околу него, но византискиот цар испратил флота командувана од Сицилија, градот го одбил нападот и Бугарите се повлекле.

Печатот на Мавар – „архонтот и патрициј на Керамијците и Бугарите“ е сведоштво за тоа време. Мавар бил преместен како гувернер во Тракија и повторно кроел планови со Кубер за проширување на државната територија, но бил предаден и неговата моќ била одземена од Византијците.

Според турскиот историчар Осман Каратај, Куберовите Прабугари имале полунезависна држава, ако не и Склавинија. Самото име „Кубер“ има исто потекло со она на прабугарскиот род „Кубиар“, што се спомнува во еден натпис на Ханот Омуртаг.

Според известувањето на анонимниот автор на Miraculi II:

Кубер се одметнал од аварскиот каган, го поминал со својот народ Дунав и се спуштил на југ се до визнтиската територија и го запоседнал Керамесиското поле.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO