Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер од доцна синоќа е во ненајавена посета на Ирак во чии рамки се среќава со ирачките воени лидери и покрај не докрај јасниот статус на странските војници во земјата. Нејзината посета доаѓа во период во кој Берлин се обидува да ја одржи мисијата за тренинг во Ирак.

Војниците од Германија и други земји, кои се дел од мисијата предводена од САД која му помага на официјален Багдад во борбата против Исламска држава, беа преместени од Ирак по американскиот напад во кој загина иранскиот генерал Касем Солејмани. Тој беше убиен во почетокот на месецов во близина на Багдад, на што Иран одговори со испукување ракети кон две воени бази во Ирак во кои беа сместени американски војници.

Германија се уште има околу 90 војници во Ирбил кои ги обучуваат локалните курдски сили.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO