На 22 јануари 2020 година, во грчкиот парламент ќе се одржи првото гласање за избор на Екатерини Сакеларопулу за претседател на Грција, соопшти МИА.

За Сакеларопулу да биде избрана за шеф на државата уште при првото гласање потребно е да добие 200 гласови од вкупно 300 пратеници во Парламентот, што значи дека освен од 158-те пратениците од владејачката Нова демократија, ќе треба да добие поддршка и од пратеници од опозициските партии.

Во текот на денешниот ден партиите што се дел од грчкиот Парламент ќе одржат состаноци за да ја одредат нивната позиција во однос на тоа дали ќе гласаат „за“ или „против“ за таа да биде новиот претседател на Грција.

Сакеларопулу е предлог од премиерот и лидер на Нова демократија Кирјакос Мицотакис за претседател на државата.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO