
Каква е смислата на уставните промени што ги предложи Путин во неговата порака до Федералното собрание? Да се создаде инфраструктура за транзитот на властта, каде Путин треба да стане наследник на Путин, кога ќе стапи на должност како Путин.
Најавувајќи ги можните измени во уставот, претседателот во својата порака до Федералното собрание изјави дека неговите фундаметални основи не се менуваат. Тоест, не се менуваат неговите одредби, кои демонстративно се игнорираат, на пример, од судовите, кога тие, при изрекување на пресуди за демонстрантите, не обрнуваат внимание на членовите од Поглавје 2 од Уставот за правата на човекот и граѓани (правото на мирно собирање и без оружје, слобода на словото, право на глас и да биде избран, еколошки права, итн.). Сè менува се, што се однесува до натамошно продлабочување на суверенитетот на земјата, дури до нејзина изолација од светот и национализацијата на елитата.
Не вреди да се прима несериозно проширувањето на овластувањата на парламентот. Тешко е да си замислиме руски парламентарци, кои не би го прифатиле становиштето на шефот на државата, кој треба да биде премиер, кој вицепремиер и кој министер. Освен тоа, во строг вертикален систем, министер може да биде било комунист, било ʺжириновецʺ- во принцип тие не се разликуваат од оние на ʺЕдинствена Русијаʺ.
Многу поважно е правото што претседателот си го задржал за себе – да ги отстрани от постот високи службеници на кабинетот. Тоа е дестилирана имитација. Како што е во случајот со задолжителното руско државјанство на највисоките државни службеници: човек би си помислил, дека во последниве години барем еден од нив може да биде државјанин на странски држави без последици за него самиот. Но, во секој случај, тоа беше важно од гледна точка на објавувањето на линијата за натамошна национализација на елитите.
Единствен важен момент во парламентарната реформа е: ако Федералното собрание ја одобри кандидатурата на премиерот, илузиите (веќе несигурни) за тоа, дека Путин може да предложи за постот на раководител на кабинетот човек со либерални погледи, како на пример Алексеј Кудрин, се претвора во апсолутна утопија.
Тоа што навистина има големо значење и се менува е предложениот приоритет на рускиот устав – и следователно, по-скоро на руското законодавство, вклучително репресивното законодавство, пред меѓународните акти и меѓународното право. Тоа е нарушување на класичната хиерархија на правните акти, каде меѓународното право стои над националното. Тоа означува дека Русија ќе биде во состојба да ги игнорира сите – по избор- акти на меѓународното право. Нашата политичка класа ќе го изгуби правото да се повика на него во секоја можност, како што е анексијата на Крим и повредата на „нашите западни партнери“.
Тоа означува, на ред со други нешта, неможноста за исполнување на решенијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Руската опозиција може да се жали во Стразбур сто пати – руските правосудни органи веќе ќе можат да ги преценат пресудите на Европскиот суд како некомпатибилни со националното законодавство и неприменливи. Тоа е вистинска револуција во правото. И ако фразата „државен преврат“ веќе се користи метафорички, тогаш по-скоро тоа не е промена на овластувањата на парламентот, туку радикална корекција на рускиот правен систем.
На некој начин, Претседателот го пофали Државниот совет за неговата ефективност и предложи во уставот да се определат некои одредби, кои го уредуваат неговиот статус и улога. Откако веќе стана збор за таков незабележлив и, до неодамна скоро мртов оган и дури во контекстот на уставните промени, може да се претпостави дека Владимир Путин подготвува нова работа за себе си во таа структура. Ако статусот на Државниот совет се зголеми, Претседателот може да премине на статусот „национален лидер“ и раководител на оваа структура, која ќе игра улога на паралелна претседателска администрација или паралелна влада. Со еден збор, тоа е органот, најдобро означен марката ʺПутинʺ – Путин и неговиот апарат. Во принцип, таква креација изгледа без алтернатива, ако се има во предвид дека шефот на државата се согласува да ја исклучи од Уставотфразата „еден по друг“ по вразата „два мандата“.
Така што прашањето „дали Путин ќе преживее од путинизмот“ засега се симнува од дневен ред. Никој не заминува никаде и прашањето останува чисто реторичко.
Е, а за работниците многу социјални придобивки и подароци во духот на источноевропскиот популизам. Путин би сакал да ја избегне ерозијата на социјалната база на режимот и за тоа е неопходна изобилна помош за групите со загрозена положба и ʺлекари-учители“. Одржувањето на сиромаштијата на ниво на преживување без воведување на инструменти за зголемување на богатството преку производителна работна рака, главно во приватниот сектор, е тоа, што овој модел означува. Државата располага со пари за тоа (не напразно даноците беа зголемени), особено ако некои средства се префрлат од национални проекти и / или други елементи на државните расходи.
Во последниве години, режимот на Путин имаше куцо поставување на цели. Безсодржаен ʺпробивʺ може да предизвика асоцијацијата, на пример, со нарушена инженерска инфраструктура. Сега е пронајдена формулата: „хармонијата на силната држава и благосостојбата на луѓето“. Путин настојува за идентитет ʺние“: правиме сè заедно. И се разбира, со таква логика, оние што се против, автоматски се против нас. Русија се сосредоточува и создава инфраструктура за предавање на властта, каде Путин треба да стане наследник на Путин, преземајќи ја должноста на Путин.
–––––––––––-
Андреј Колесников е раководител на програмата ʺРуската внатрешна политика и политички институцииʺ во московскиот центар Карнеги. Написот е побликуван во ʺФорбсʺ.
