Источниот врховен командант на Либија, Калифа Хафтар ја напушти Москва без да потпише примирје за да стави крај на деветмесечните борби во земјата, потврди во вторникот руското Министерство за надворешни работи.

Хафтар побара во понеделникот вечер да го разгледа договорот, кој веќе беше потпишан од шефот на Владата признаена од ООН, Фајез ал Сарај, до вторник наутро. Но, тој ја напушти руската престолнина без да даде потпис, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Главниот командант рече дека предложениот документ игнорирал многу од барањата на либиската национална армија (ЛНА).

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO