Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е номиниран во две категории за најпрестижните филмски награди во светот: најдобар документарен филм и најдобар интернационален фили, пишува Deutsche Welle.

Не една, туку две посебни причини ќе имаат македонските вљубеници во филмот со нетрпение да го очекуваат годинешното 92. доделување на филмските награди- Оскар. Документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе биде во најтесната конкуренција за освојување на две од најпрестижните златни статуетки во филмската индустрија.

„Медена земја“, како што беше соопштено денеска, на 10 февруари во Долби театарот во Лос Анѓелес ќе биде во трката за најдобар документарен филм со уште четири кандидати: „Пештерата“, „Американска фабрика“, „За Сама“ и „Работ на демократијата“.

Македонскиот филм е номиниран и во категоријата најдобар меѓународен филм заедно со „ Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

Освојувачот на наградата за најдобар документарен филм на фестивалот Санденс но и на повеќе од 40 други признанија со двојната номинација за Оскар испиша историја за македонскиот филм. Досега филмот „Пред дождот “ на Милчо Манчевски беше единствениот македонски филм некогаш номиниран за Оскарот во категоријата за најдобар странски филм во 1995 година. Номининација за наградата на Американската академија за филм, уметност и наука, но како југословенски кандидат, имаше и краткометражниот документарен филм на македонскиот режисер Столе Попов, „Дае“.

Досега меѓутоа остана само на номинации а сега „Медена земја“, која е примена одлично меѓу филмската критика и филмската индустрија особено во САД, има две шанси да ја освои златната статуетка.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO