Лидерот на најголемата опозициска партија во Албанија Љуљзим Баша е ослободен од обвинувањето за злоупотреба на јавни пари што беше доведена во врска со добивање тајни средства од Русија.

Судот во Тирана соопшти дека изнесените докази не овозможуваат покренување процес против Баша и двајца претставници на неговата Демократска партија кои исто така се ослободени од обвинението.

Пред две години беше покренато обвинување против нив по наводите на американскиот магазин „Мадер Џонс“ дека Демократската партија преку американски лобисти добила тајни средства од руски извори пред парламенатрните избори во 2017 година.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO