По укинувањето на наредбите од страна на техничкиот министер Наќе Чулев, утрово во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на работа се вратило обезбедувањето на Ѓорге Иванов, кое беше прераспределено во други одделенија на МВР, дознава „А1он“.

Наќе Чулев, поранешен дикректор на Агенцијата за разузнавање е новиот кадар на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи.

Првиот кандидат што го предложи ВМРО-ДПМНЕ, Драги Ковачки не беше прифатен од СДСМ бидејќи, според Уставот, за да раководи со МВР треба најмалку три години да е цивилно лице.

Наќе Чулев беше поставен од Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнување.

Не знаeме дали Иванов кој беше познат по симпатиите кон Путин и Русија го поставил Чулев заради истите симпатии.

Ваквото отворено русофилство може да биде пречка за министерувањето на Наќе Чулев, но и на Христијан Мицкоски кој самиот се соочува со обвинување за следење проруска политика.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO