Преставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и на Здружение на Новинари на Македонија денеска се сретнаа со министерката за правда Рената Дескоска.

Cе разговараше за изменување и дополнување на Кривичниот законик во насока на поголема заштита на новинарите и медиумските работници при нивното работење, како и воведување поголеми и поригорозни казни за напаѓачите.

Претставниците на ССНМ и на ЗНМ истакнаа дека неказнивоста на нападите врз новинарските екипи мора да престане и дека е потребно да се воспостави поефикасен систем за заштита на новинарите при нивната работа.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO