Мал пад на цените бележи регистарот на цени на недвижности што го изработува Агенцијата за катастар на недвижности, според кој, во моментов, најскапите станови се продаваат во скопската населба Карпош и достигнуваат цена од неполни илјада евра.

Сепак, инволвираните во бизнисот со недвижности посочуваат дека во секојдневното работење не се чувствува намалување на цените и дека станува збор за вообичаени осцилации при купопродажба на имоти.

Според последниот извештај од катастарот за

недвижности, забележан е пад на цената на станбениот простор на квартално ниво за периодот од 1.7.2019 година до 30.9.2019 споредбено со претходниот квартал. Сметам дека не станува збор за голем пад на цените на недвижностите туку за минимални осцилации во согласност со моменталната состојба на пазарот во однос на понудата и побарувачката, кои се карактеристични за наведениот период. Цените на становите во Скопје, во зависност од локацијата, се движат од 600 до 1.300 евра за квадратен метар. Најниските цени се во реоните на населбите Бутел, Чаир, Радишани, Драчево и Даме Груев, додека највисоките цени се, секако, во центарот на градот, како и на Водно, во Капиштец и во дел од Тафталиџе – истакна Игор Панчевски, генерален менаџер на агенцијата за недвижности „Левел 7“.

Во извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности е посочено дека во третиот квартал од 2019 година во Македонија се регистрирани 4.022 продажби, од кои 3.245 се стари недвижности, а 674 се новоградби, односно прва продажба.

– Доколку се направи споредба на продажбата на новоградбите во овој квартал со третиот квартал од 2018 година, каде што се регистрирани 792 продажби на недвижности од страна на инвеститор, тогаш се забележува пад во третиот квартал од 2019 година, за 118 продадени новоизградени станови – се наведува во извештајот.
Меѓу другото, се посочува и дека во периодот јули – септември 2019 година на целата територија се продадени 674 новоизградени станови, што е за 195 стана повеќе од вториот квартал во 2019 година.

Доколку се разгледа продажбата на недвижностите, може да се забележи дека најголемиот број продажби припаѓаат на продажба на станови, односно 41 отсто. Што се однесува до земјоделското земјиште, во вториот квартал од 2019 година тоа опфаќа 35 проценти од вкупниот број продажби.

Упатените во проблематиката исто така укажуваат дека има разлика меѓу цените на новоизградените станови и кај оние што веќе се користат или кај постарите станови.

– Секако дека постои разлика во цената на станбениот простор помеѓу новите и постарите, веќе користени станови. Освен локацијата, и функционалноста на просторот односно неговата употребливост е секогаш приоритетна за купувачите при изборот и купување стан. Доколку станот е користен, за да биде функционален за новите сопственици во најголема мера и најчесто има потреба од делумно или целосно реновирање, кое е дополнителен трошок што ја зголемува цената по квадратен метар. Понудата на пазарот и поголемиот број нови станови значи и продажба на постари станови по пониска цена за квадратен метар – истакнува Панчевски.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO