Британската кралица Елизабета за денес го повика својот внук, принцот Хари, на „кризен состанок“ , за да разговара за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, откако одеднаш, без никаква најава, двојката соопшти дека сакаат да се повлечат од кралските должности. Таткото на Хари, принцот престолонаследник Чарлс, и неговиот брат, принцот Вилијам, исто така, ќе присуствуваат на состанокот, што ќе се одржи утре на имот на кралицата Сандрингам во Нортфолк, на истокот од Англија, изјави извор од Бакингемската палата.

Меган, поранешна американска ТВ актерка, ќе се обиде телефонски да се приклучи во разговорот од Канада, каде се наоѓа со нивниот син Арчи. Хари и Меган, официјално познати како војводата и војводката од Сасекс, во средата, изненадувајќи го остатокот од кралското семејство, соопштија дека сакаат „нов работен модел“ што ќе им овозможи да минуваат повеќе време во Северна Америка и дека сакаат да станат финансиски независни.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO