На видеоснимките објавени на социјалните мрежи е снимено пукањето со вистинска муниција и солзавец од страна на иранските безбедносни сили на демонстрантите кои протестираат откако Техеран призна дека по грешка го соборил патничкиот авион, пренесе АП.

Не било можно веднаш да се провери автентичноста на снимките, на која исто така се гледа крв на земјата и луѓе со пушки, кои се чини дека се членови на безбедносните сили.

На други снимки се гледа како интервентната полиција ги тепа демонстрантите со палки, додека луѓето во близина викаат „Не ги тепајте!“

„Полицијата апсолутно не пукаше на демонстрантите бидејќи полицајците во главниот град добија наредба да покажат воздржаност“, изјави началникот на полицијата во Техеран, Хосеин Рахими.

Иранските демонстранти ги повикаа лидерите да се повлечат, откако војската призна дека случајно соборила украински авион.

„Тие лажат дека наш непријател е Америка, нашиот непријател е тука“, извикувале десетици демонстранти пред универзитетот во Техеран, прикажано на снимките кои кружат на Твитер.

Иранската војска се извини за случајното уривање на украинскиот авион во средата, при што загинаа 176 лица. Бројни патници на летот биле Иранци со двојно државјанство, а 57 имале канадски пасош.

Жителите на Техеран изјавија дека полицијата е на улиците откако со денови растел јавниот бес.

Полицијата во саботата фрли солзавец на илјадници демонстранти во главниот град, при што многумина извикуваа „Смрт на диктаторот“ и го

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO