21 годишно момче од струмичко Ново Коњарево загина во сообраќајна несреќа на патот Ново Село – граница со Бугарија кај смоларска крстосница.

Несреќата се случила половина час по полноќ помеѓу две патнички возила, известува Телма. Починатото момче било сопатник.

Повредените момчиња се префрлени во струмичката општа болница.

Дежурните екипи на полицијата и  јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата. Поради увидот сообраќајот е прекинат до 4 часот наутро и пренасочен по околните локални патишта.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO