ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара дополнителни основи за опструкција, вели министерката за правда Рената Дескоска во изјава за МИА, откако на денешната собраниска Комисија за политички систем пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа Законот за поништување на лустрацијата да го образложи лично таа.

Претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски го одложи почетокот на седницата на која на дневен ред е Законот за поништување на лустрацијата на барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предложениот текст пред нив да го образложи министерката за правда Рената Дескоска.

Кирацоски даде пауза од 30 минути, за, како што рече, да ја контактира министерката иако на седницата беше присутен заменик министерот за правда Оливер Ристовски.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара министерката за правда да дојде на седницата и да го образложи Законот со кој  се овозможува поништување на лустрацијата и давање можност за нивно обештетување.

 

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO