Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сака да разговара и да прави договори со официјални претставници на Црна Гора по повод спорниот Закон за верски сободи, но не на сметка на српскиот народ во таа земја:

„Нема со тенкови да одам на Црна Гора, сакам да разговарам и да правам договори, но не на сметка на српскиот народ. Мислам дека тоа е рационално и одговорно размислување“, рече Вучиќ.

Тоj смета, дека властите во Подгорица нема да ја сменат одлуката за спорниот закон. И додаде дека усвојувањето на овој закон го разбуди српскиот народ не само во Црна Гора, туку и во Србија и Република Српска, бидејќи, како што наведе чувствуваат неправда и оти се име дозволено на другите, но не и на Србите.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO