Фејсбук статус на Александар Кавазов

Кого уби Мара Бунева?

13.01.1928 💐

Последните страшни настани, кои се случија во поробена Македонија и кои открија пред очите на светот една голема војна, помеѓу поробувачи и поробени, изразени со многубројните афери, атентати, страдања на невини, кулминираа со тешката пресуда над деветмината македонски студенти.

Тие настани пројавија пред очите на поробените Македонци уште еден лик на ѓаволот, излезен од адските длабочини, разбеснети низ нашата Татковина- ликот на главниот обвинител на Скопската жупанија- Велимир Прелич. Неговото име, оддамна познато на секој Скопјанец, денес се произнесе како проклетство низ цела Македонија.

Својата грозна слава Прелич ја спечали со инквизицијата над македонските студенти. Длабоко во ноќта, често пати до зори, останувајќи по клупите на Вардарските затвори и другите подобни мачилишта, се трудел инквизицијата над уапсените студенти да го достигне својот врв, за да дојде до посакуваните признанија. Срцето на садистот не знаело за тага, кога се провикнувале срцепарачките викотници на измачуваните студенти.

Штом тие ќе го достигнеле својот врв, Прелич влегувал во инквизиторската келија и застанувал над раскрвареното тело на студентот, надвиснувајќи се над него со зборовите: „Признавај“! Ако жртвата се противела, ладнокрвно заповедал: „Продолжете“!- одредувајќи ги различните форми на мачења, од менгеме на главата, до закопување на живи во земјата !

По негова заповед е стегана со жежок железен ремен главата на Чучков, растргнувати со јаже мускулите на Борис Андреев, жив е закопуван во земја Нецев, ваден е пред отворен гроб Чкартов, вадени му се ноктите и кршени прстите на Чучков. Претепани се Хаџипанзов и Ѓузелов, а Гичов е давен на брегот на Вардарот. Со тоа Прелич ги добива своите признанија, натоварувајќи им на македонските студенти робии од 5 до 20 години затвор, уништувајќи ги нивните животи.

И денес Велешани ќе ви раскажат како мајката на претепаниот до смрт Борис Андреев, ги перела крвавите кошули на своето единствено чедо. Но, злосторства на крвникот не прекинаа тук,а следеа нови десетици апсења, од коишто најнесреќни излегоа Славе Паиков, Панко Саздов, Лазар Малезанов, Павел Шошалчев и многу други, живи закопувани, тепани со револвери по главата.

Ете затоа солзите на десетици мајки, а особено на мајката на Тодор Јорданов, кој не може да го издржи теророт и се самоуби и мајката на Ѓузелов, претепана на скалите на жупанијата по заповед на Прелич, ја воспеваат жртвата, која ги достигна висините на Солунските атентатори, убивајќи го зверот на сред бел ден покрај бреговите на Вардар, кој не можеше да ја испере невината крв од неговите раце, пред очите на Скопјани, наплатувајќи му го нивниот долг.

Слава и !

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO