Македонските ракометари денеска ќе ја водат втората битка на континенталниот собир, Македонија ќе се сретне со стариот познаник, селекцијата на Чешка.
Со селекцијата на Чешка имаме одиграно дури 14 мечеви, од нив тие се радувале на шест победи, ние на пет, тру дуели завршиле нерешено.
Последниот натпревар против Чешка беше пред две години на Европското првенство кога во изедначен меч загубивме со 25:24. Манасков по истекот на времето имаше пенал, можеше да ја спаси нашата селекција од пораз, но голманот Мрква беше победник.
И денеска се очекува неизвесен меч со голема борба. Ние во него влегуваме по победа над Украина, тие по пораз од домашната репрезентација на Австрија.
За Чесите овој дуел е да се биде или не, финале, поправен немаат. Ние ако победиме денес, на коло пред крајот ќе го завериме пласманот во следната фаза и ќе ја оствариме првичната цел. Во случај на пораз ќе имаме шанса билет за следна фаза да обезбедиме со победа над Австрија, но тој пат е малку потежок.
Македонија потешко од очекувањата ја совлада Украина, малку фалеше од готово да направиме вересија, сепак го имавме Кире Лазаров од кој се уште сме зависни.
Чешка е посилна селекција од Украина, избраниците на Брестовац ќе мора да одиграат фокусирано во текот на целиот меч и бројот на грешките да го сведат на минимум. Квалитетот на двете селекции е речиси изедначен, од нашето издание ќе зависи дали ќе се израдуваме на нова победа.
Натпреварот меѓу Македонија и Чешка почнува од 16 часот.
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO