Наќе барал војниците на Александар да го напуштат Иран.
Наќе барал во патнички авион да лета над Техеран.
Наќе барал да се стемнува порано.

Наќе барал да се врати старото име на државата: Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Наќе барал Рене Целвегер да качи некое килце.
Наќе барал ама Моника му рекла дека не го ебе.

Наќе барал Ќулафкова да не трепка како бришач во цртани филмови.
Наќе барал Кара Ками Шева да му се смее на гробот.
Наќе барал народот да не си легнува рано затоа што непријателот никогаш не спие.

Наќе барал Заев да ги остави изборите во Службата за загубени работи.
Наќе барал марулите на Зелено пазарче да се прскаат со осветена вода.
Наќе барал вмро да се пишува со неонски црева.

Наќе барал нормалните да бидат обележани со жолта, а вмороните со црвена ѕвезда.
Наќе барал црвена за полицајците, судиите, обвинителите, учителите и ракометарите.

Наќе барал марулите на Зелено пазарче да се прскаат со осветена вода.
Наќе барал пучот што не успеа на 27 април, годинава да се организира на 12.

Наќе барал Џафери да му го врати мандатот на Трајкота, а сексот на Силванева.
Наќе барал никој да не смее да попизди толку многу што да му влезе в канцеларија и да го убие.

Наќе барал Чулев да биде идиотот, а Чулев барал да се сменат најдоцна во “Идризово”.

Наќе барал народот на референдум да каже: Ху д Фак из Наќе!?

(Фејсбук статус на Бранко Тричковски)

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO