Македонските ракометари водеа во текот на целиот натпревар, но си ја закомпликуваа судбината во завршните минути со неколку нереализирани напади, дозволувајќи ѝ на Украина да ги стигне и да изедначи. Беше 25-25 во последната минута и останаа уште 30-тина секунди до крајот. Кире Лазаров ја презеде одговорноста и, речиси, со звукот на сирената погоди за конечна победа.

Претходно, првиот исчекор кон победа македонските ракометари го направија по 15-тина минути игра, кога водеасо 6-3. Украина се враќаше и намалуваше на еден негатива, но Македонија повторно се одлепуваше до највисоки четири позитива, најмногу благодарение на Никола Митревски.

Тој го почна натпреварот и како течеше полувремето повеќе и повеќе влегуваше во голмански транс, па на крај полувремето го заврши со 9 одбрани од 19 удари или, речиси, 50 проценти, што ќе рече секоја втора им ја фаќаше на Украинците. Во второто полувреме застана малку со темпото, но затоа држеше ритам неговиот колега Генадиј Комов, кој беше еден од факторите за враќањето на Украинците.

Македонија изгледаше комотна на стартот на вториот дел, кога првпат поведе со плус пет, 16-11, но веќе по 45. минута, Украина се доближи до 21-20 и до крајот се играше „машки“, со многу дуели, исклучувања, но и атрактивни голмански одбрани.

Митревски заврши со 15 одбрани, Кире Лазаров беше најефикасен со осум гола, Дејан Манасков постигна пет, по четири имаа Столе Стоилов и Филип Талески, кој, патем, беше прогласен за играч на натпреварот. Остроушко со пет гола беше прв голгетер на Украинците, Комок одбрани 13 македонски удари.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO