Капитенот Кире Лазаров и голманот Никола Митревски беа главните протагонисти во победата на Македонија во првиот меч на ЕП. Двајцата одиграа маестрално против Украина, Лазаров ја полнеше мрежата на Украинците безмилосно, а Митревски ги доведуваше до лудило со своите интервенции и заедно беа најзаслужните за првата победа на континенталниот шампионат.

Нивните потези не останаа незабележани и добија признание и од ЕХФ, па така голот на Кире Лазаров во последните секунди за победа е избран за најдбар погодок на вториот натпреварувачки ден, а една од одбраните на Митревски е втора најдобра интервенција на денот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO