Благодарение на технологијата која ја разви Ford во соработка со компаниите GTB и Aedo, слепите луѓе можат да „гледаат“ преку прозорците на автомобилите.

Технологијата наречена Feel The View функционира така што создава чувство на вид преку 255 вибрации кои се пренесуваат преку прозорците на автомобилот, а рацете можат да ги почувствуваат и да ги интерпретираат.

Треба само да се притисне копче за уредот да ја фотографира околината, а потоа се креира монохромна слика со висок контраст која се претвора во нијанси на сива, а технологијата може секоја нијасна да ја пренесе на стаклото на автомобилот како уникатна вибрација со различен интензитет.

Тоа на слепите луѓе им овозможува да ја „почувствуваат“ околината благодарение на деталите во длабочина кои можат да ги „допрат“, а врз основа на тоа да го замислат она што може да се види околу нив. Корисен додаток е интегрираниот виртуелен асистент, кој дава контекст на фотографиите изговарајќи зборови кои ги опишуваат фотографиите.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO