ДПМНЕ минува практично незабележано во бугарските медиуми? Или барем во многу од нив. Веќе ни е многу добро познато какви катастрофални економски, политички и цивилизациски штети ни нанесе надворешната политика на ДПМНЕ во Македонија.
 Сето тоа поради намерно осмислена надворешна политика против интересите на сопствената земја, прикриена со национален популизам осмислена врз основа на секташтво од антизападни инсталации, а кој требаше да го одвлече вниманието на јавноста од масовниот финансиски криминал за кој е одговорна најбогатата партија во Европа.
Македонија работеше против самата себе додека се караше со Бугарија како најдобар потенцијален пријател. Сега забележуваме слични манифестации и од другата страна. Движејќи се од исток кон запад, по коридор 8, наидуваме на уште една пречка за неговата функционалност.
Тоа е албанската верзија на споменатите фолклорни друштва, која не истата основа на етничкиот национализам е редовен коалиционен партнер во сите македонски влади. Она што ги поврзува со нивните македонски ,, непријатели“ се бизнис врски со сомнителна легалност. Значи ќе ја земат во владата својата албанска верзија и ќе ја корумпираат. И тоа ќе го претстават како судбина, за да ,,седеле мирни.“ Всушност самите признаваат дека взаемната корупција е причината зошто и едните и другите влегле во политиката. И додека однадвор системот изгледа релативно стабилно, одвнатре всушност скапува. Државата е слаба и нефункционална. Граѓаните од сите етникуми масовно ја напуштаат.
А кој може да се јави како фактор кој би имал полза од таквите состојби во државата и општеството. Секако, тоа се трети држави, оние од регионот кои сакаат да нѐпобедат во трката со времето на патот на европските интеграции, за од таму, повторно од позиција на посилен, да ни поставуваат нови услови.
Црната пропаганда која се води против граѓанскиот начин на размислување и водење политика е најдобриот доказ дека тоа не е воопшто случајно или наивно. Запазувањето на монополите во различни сфери од бизнисот до науката и медиумите е причината зошто се прават пактови до странски центри на моќ против интересите на сопствената држава, а алатката за тоа е внатрешна поделба на општеството по сите основи, но најмногу по етничка, бидејќи етничкиот национализам располага со најмногу емоционална енергија и како таков е најзапалива материја во политиката.
Наспроти него, како негова антитеза се јавува граѓанскиот концепт на политичко дејствување, кој вели дека капиталот не познава граници, дека националните богатства треба да бидат прераспределени и достапни за што е можно поширок круг на граѓани. Соработка внатре и надвор во сите сфери од економијата до литературата и уметноста. Бурните реакции на националистите во јавноста се резултат на стравот дека внатрешното сплотување на македонското граѓанство, националното помирување, како интеретничко така и меѓуеничко, потоа градењето добрососедство со сите соседите и преку нив поврзувањето со најразвиените западни демократии, ќе стави крај на нивниот систем на контролиран хаос, со кој со децении ја манипулираат домашната јавност, а по принципот на приказната за пироманот и пожарникарот споени во една личност, која толку вешто ја користеше Милошевиќ, ја уценуваат и меѓународната заедница со рекетарска методологија.
А нивната пропаганда дејствува по принципот ,,кој си ја има мувата на капата“. Вечно се опседнати со луѓе и организации кои соработувале со странство, очигледно обидувајќи се да не убедат дека националните помирување е штетно и дека контролираната нестабилност е во согласност со македонските национални интереси и дека центрите кои ќе имаат полза од тоа се домашни, а не странски. И за крај многумина ќе ме прашаат:
Па добро, што да правиме? Многу е едноставно. Не размислувајте во правецот во кој тие ве насочуваат. Изградете лични пријателства, работете на својата приватна економска независност, за никој да не може да ве уценува. Благодетите ќе се движат по следниот кружен тек: Од поединецот до општеството, од општеството кон државата, од државата кон општеството и повторно кон поединецот.
Значи индивидуалната слобода и општествената солидарност, се сосема компактибилни и функционираат заедно како принципи, иако можеби звучат како спротивставени на прво уво. Тие важат како дадена можност на сите, освен на криминалци.
Како што гледаме политичките манипулатори и криминогените структури одамна станале вистински побратими и ги надминале сите предрасуди. Нема никаква причина сите ние кои во разни периоди и на различни начини сме биле изманипулирани од нив во изминативе години да не се помириме и побратимиме меѓу себе. Сите ние кои сме мнозинство и се стремиме да бидеме здрав дел од општеството.
Тоа важи и за внатрешните и за надворешните односи. Не можете да очекувате некој кој е дел од досегашниот антисистем да работи против самиот себе. Општеството треба да си ја преземе одговорноста, која е негов имунолошки систем во борбата против разни заболувања. Братството на нормалните ќе го победи братството  на криминалците. Братството на граѓанските политички концепции и размислувања, кое повикува на обединување и водење политика во согласност со интересните на својата земја против братството на етничките националисти кои разединуваат дестабилизираат пљачкаат, а користа од тоа ја имаат други држави. Првото е автохтоната Македонија заснована на идеите на историското ВМРО. Второто се сите шајки забиени во македонското ткиво во последните стотина години. Борбата продолжува!
ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO