Работливата жена

Ка си биле ен мъш и ена жена. Мъжо све ено му велеше на жената:

– Ти не работаш ни́шчо дома. Шчо праш цел ден?

Мъжо го викае Динко, а жената а викае Мара. И од много шчо се карае, му кажва жената:

– Сега яс ке ода на нивата, а ти сей дома. Прай шчо сакаш.

И стана на утрото жената, а зве косата и ойде на нивата да коси. Коси, коси, целата нива а искоси. Па Динко ка застана дома, та не му рече шчо да работа. Стана Динко, се върти, се върти и ка пули, шчо ке види. Ена гаваноска. Млеко, си вели: “А, то млеко треба да се избие, яс та работа треба да а направа“.

И а зве Динко мътката да о бие млекото. И ка бие, кажва: “О, со мъка се бие во пусто млеко“. Постана, па рече: “Чекай да ода да се напия солило от пресоло. И ойде да се напие сок от пресело. Кеку пушчи да се напие, то пусто бише ойде тамо на мътката, а превърна мътката, го истури млекото.

Нито се напи, нито нишчо. О остай цифуно да течи. Го заборави. Ка зве ен стап, тап, тап, тап, го умо́ри от буванйе бишето. Пцовиса бишето, умре. Кога Динко се върна од дворо, шчо да види! Мътката се превърна, солилото от пресоло истече. Бишето со стапо го умори. О то време шчука кравата о аворо “мууу“.

– А, крафке, те заборави да те пушча по говендата да пасиш. Чекай ке те върза со фартомата, ке те занеса на ена ливада.

Ами, дека ке а занеси! Над ожако имаше много трева, ниска му беше къшчата. Клава една шчица и по шчицата да вяни кравата озгоре, на ожако да а вързи.

Той сей на ожако, а върти фартомата и кравата а търга. Та козна ка от шчицата надолу пана. Се превърна и му се скърши ногата. Динко се избърка цел. Си рече: “Шчо направи яска? Не било за о къшчи“. На вечарата си греди Мара со торбата на рамо, пули и вели:

– Шчо направи? Бишето го умори, на кравата мо а скърши ногата, млекото го истури. Цифуно от пресело го остай отворен, солилото истече.

Приказната и снимката се од зборникот на Благој и Екатерина Шклифови “Български диалектни текстове от Егейска Македония“, Софија, 2003 година, с. 46-47.

ИЗВОР: Илустрација БЕЛО МОРE

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO