Светската економија годинава ќе забави, растот ќе биде помал, но бројот на вработени ќе се зголеми посебно во земјите од групата Г-7. Се очекува да се почуваствува стареењето на работната сила со тоа што бројот на  луѓето постари од 60 години ќе се зголеми на една милијарда, прогнозира британската агенција „PricewaterhouseCoopers“.

Агенцијата предвидува дека светската економија во 2020 година ќе порасне за 3,4 осто во однос на паритетот на куповната способност, додека просечната величина на овој показател за 2020 ќе биде 3,8 отсто.

Случува се глобално намалување на растот на економијата, кое се одликува со продолжување на интеграцијата и економски развој, но со многу понамалено темпо, пониско од средното. Ваквата состојба во глобалната економија економистите ја нарекуваат „слоубализација“.

Во 2020 година се очекува извозот на услуги во светот да достигне 7 милијарди долари, а главен збор ќе имаат САД и Велика Британија. Треба да се очекува раст на вработените во земјите од групата Г-7 , до бројка од 2 милиони вработувања, и уште 8 милиони нови работни места во седумте најголеми земји во развој како Кина, Русија или Бразил.

PricewaterhouseCoopers предвидува бројот на светската популација во 2020 да се зголеми до 7,7 милијарди луѓе, додека бројот на луѓе постари од 60 години да биде 1 милијарда.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO