Цените на нафтата скокнаа по нападот со балистички ракети врз две воени бази со американски трупи во Ирак.

Барел нафта „брент“ поскапе 1,4 отсто и во моментот чини 69,21 американски долари. Во исто време скокна и цената на златото и се зголеми вредноста на јапонскиот јен.

Истовремено, глобалните берзи бележат пад на вредноста на акциите поради стравувањата од ескалирање на конфликтот на Блискиот Исток, јави Би-би-си.

Иранската државна телевизија објави дека ракетниот напад е одмазда за убиството на еден од највисоките воени команданти во оваа земја, Касем Сулејмани.

Нападот се случил само неколку часа по свечениот погреб на Сулејмани, кој беше убиен во американскиот воздушен напад на 3 јануари.

Неговата смрт ги зголеми стравувањата од понатамошна ескалација на американско-иранскиот конфликт.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO