Репрезентацијата на Бугарија во одбојка се доближи до две победи од пласман на Олимписките игри во Токио ова лето, откако обезбеди пласман во полуфиналето на европската олимписка квалификација во Берлин.

Лавовите обезбедија едно од првите две места во нивната групата Б, откако добија два сета против Србија. На овој начин, воспитаниците на Силвано Пунди нема како да бидат изместени од едно од првите две места, дури и ако го загубат натпреварот во тајбрејк. Тоа значи дека утре, Бугарија ќе се сретне со Словенија или домаќините од Германија во полуфинален натпревар на турнирот. Речиси е сигурно дека Франција ќе биде другата репрезентација во групата Б која ќе се продолжи напред, додека најверојатно европските шампиони од Србија ќе пропуштат втора последователна Олимпијада.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO