Групата ʺМеталикаʺ ќе донира повеќе од 500.000 американски долари за борба против шумските пожари во Австралија, соопшти порталот ʺRolling Stone” .

Нивната донација ќе биде од полза на NSW Rural Fire Service и Victoria’s Country Fire Authority (CFA).

ʺПотресени сме од веста за пожарите кои погодија милиони хектари во Австралија и најтешко ги погодија Нов Јужен Велс и Викторија. Уништувањето и разорниот ефект врз сите жители, животни, животната средина и неверојатната земја во Австралија се навистина трогателни“, рече портпаролот на групата.

ʺВе молам, придружете ни се и направете се што е можно за да ви помогнеме“, повикуваат од ʺМеталикаʺ.

Фондацијата на групата All About My Hands ќе донира 750.000 УСД на  NSW Rural Fire Service-најголемата светска доброволна организација за гасење на пожари, како и на CFA (Country Fire Authority), противпожарна организација во Австралија.

Како резултат на огромните пожари, уништени се повеќе од 2000 згради и цели градови во земјата. Најмалку 25 луѓе и околу 1 милијарда животни се убиени. Се смета дека катастрофата уништила скоро 1/3 од популацијата на коалите во Нов Јужен Велс.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO