Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез призна дека пред да и тргне нејзината кариера во Холивуд, работела како стриптизета и се соблекувала за пари.

Педесетгодишната пејачка и актерка ја играше улогата на стриптизерка по име Рамона во филмот „Hustlers“, а очигледно и јавно имала натрупано многу искуство, пренесуваат американските медиуми. Во знак на очај, пејачката земала и дополнителни смени во ноќните клубови, само за да може да ги плати сметките. „Имаше време во мојот живот кога моите пријатели, исто така танчери, ми рекоа дека можам да заработам илјадници долари во клубовите во Њу Џерси без да е потребно да се соблекувам. Тоа звучеше ужасно добро, со оглед на фактот дека бев целосно во банкрот и јадев пица цел ден, но не сакав да се преселам таму “, откри Лопез.

Во улогата на стриптизетата Рамона, Џенифер изгледа прилично нервозна, иако е продуцент на филмот.

Со поглед кон иднината, актерката сега се концентрирала на нејзината врска со пензионираната бејзбол ѕвезда Алекс Родригез, кој играше за јенките од Њу Јорк. Двајцата неодамна ја објавија нивната свршувачка.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO