Дејан Кулушевски утринава успешно ги мина медицинските прегледи во Јувентус и стави потпис на договор до јуни 2024 година.

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло до крајот на сезоната ќе остане во таборот на Парма како позајмен фудбалер, а од 1 јули ќе се приклучи на „Старата дама“.

Неговиот клуб Аталанта ќе инкасира фантастични 35 милиони евра и дополнителни 10 милиони во бонуси, во зависност од настапите на фудбалерот.

Кулушевски иако има само 19 години, сезонава блесна во дресот на Парма и постигна четири голови, но имаше и седум асистенции. Неговата плата во Јувентус ќе биде помеѓу два и три милиони евра.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO