Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земја сака да го реши недостигот на стручњаци со давање добра обука за што поголем број луѓе. Неопходно е и вработување на квалификувани луѓе од другите замји на ЕУ, но и надвор од неа, смета Меркел, коjа додаде, дека во Германија веќе работат над 2,5 милиони луѓе од другите земји на ЕУ, но тоа не било доволно.

Законот за имиграција на квалификувани работници стапува во сила на 1 март 2020 година и има за цел да го олесни доѓањето во Германија на квалификувани работници од земјите кои не се членки на ЕУ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO