Утре (15.12.2019 г.) во 12 часот во хотелот „DoubleTree by Hilton“ – Скопје, сала „Платинум 2“, ќе се промовира Унијата на европски федералисти на Македонија. „Политика“ ќе пренесува во живо, директно од настанот.

Со почеток од 11.30 часот ќе се одржи прес-конференција за медиуми „Визијата на Унијата на европски федералисти за проширување на ЕУ“, на која ќе говорат Кристофер Глук, заменик претседател на УЕФ на Европа и
Петар Богојески, претседател на УЕФ на Македонија.

Во 12.00 часот – Меѓународна Конференција „Можности за регионална интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија“.
Конференцијата ќе ја отворат претседателот Стево Пендаровски и
Кристофер Глук, зам.претседател на УЕФ.

Дискутанти ќе бидат Зеќир Рамчиловиќ, потпретседател на Собранието на РСМ, Никола Димитров, министер за надворешни работи на РСМ, Радан Канев, пратеник во европскиот парламент од Европската Народна Партија (ЕНП / EPP), Горан Милески, министер за локална самоуправа на РСМ, Илхан Ќучук, пратеник во европскиот парламент од АЛДЕ, Никола Поповски, претседател на НСЕ и пратеник во Собранието на РСМ, Марија Џеркович Петрович, амбасадор на Црна Гора, Даниела Рангелова, пратеник во Собранието на РСМ, Хари Локвенец, пратеник во Собранието на РСМ, Љубчо Нешков, новинар и сопственик на БгНес, Драган Антоновски, новинар и директор на МИА, Доц.Д-р Шптим Љатифи, Проф. Д-р. Гордан Георгиев, Проф. Д-р. Ненад Марковиќ, Цветан Цветанов, претседател на Евроатлантски Центар за Безбедност, Весела Чернева, Европски Совет за надворешни работи, Љупчо Петковски, Центар за Европски стратегии, Сефер Селими, претседател на Democracy Lab, Петар Богојески, претседател на УЕФМ.

После конференцијата со почеток од 17.00 часот ќе се одржи и промоција на книгата „Така Мислев“, од автор Петар Богојески, издавач Вечер Прес, рецензенти: Катерина Блажевска и Проф. Др. Гордан Калајџиев.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO