ʺ Ние сме пријателски земји и ваквите дисонантни тонови се недозволиви каде што во 21 век зборуваме за идентитет којшто е впишан целосно во сите анали, во сите документи и во сите меѓународни организацииʺ. Јас го добив аплаузот и од бугарските пратеници кога зборував на македонски јазик во Европскиот парламент “.

Ова го кажа македонскиот премиер Зоран Заев по повод последните декларации на двете академии во Скопје и Софија во врска со македонскиот јазик.

Заев рече дека во почетокот на следната 2020 година треба да се одржи и неговата средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, на која тие „ќе разговараат отворено и пријателски, а не да се префрла кој прв кажал“. Премиерот на Република Македонија потсети на Договорот за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан меѓу двете држави ʺна три јазика согласно Уставот“, според тоа и на македонски.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO