Поранешниот македонски амбасадор во Љубљана Тони Димитровски вчера околу 15.30 часот кон соседот С.А. вперил автоматска пушка која ја репетирал дознава „360 Степени“.

До откривањето на оружјето дошло откако тој вчера попладне се скарал со сосед кој пријавил дека поранешниот амбасадор во ходникот од зградата кон него репетирал и автоматска пушка.

Ваков случај е пријавен и во МВР, но бидејќи сè уште работат на расчистување на случајот не соопштуваат дали за пронајденото оружје поседувал дозвола.

ʺВчера околу 15.30 часот А.Д. пријавил дека во зграда на улицата ‘Тодор Александров’ во Скопје неговиот сосед Т.Д. по кратка вербална расправија во ходникот на зградата извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него. Полициски службеници веднаш по добивањето на пријавата излегле на местото на настанот. Во домот на Т.Д. се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Т.Д. е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за „360 Степени“.

Димитровски, според информациите кои ги објавил на неговиот Фејсбук профил, во моментов не извршува државна функција, туку напишал дека од јануари годинава е советник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Побаравме коментар и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде најавија одговор, кој до моментот на објавување на текстот не пристигна.

Според неофицијални информации до кои дојде „360 Степени“, кај Димитровски биле пронајдени три пиштоли, три пушки, четири рамки со муниција, ќеса со куршуми и др.

Инаку, пред да стане советник на Мицкоски, Димитровски од април 2014 до март 2018 година беше амбасадор во Љубљана, Словенија. На оваа позиција тој замина откако претходно седум години, од февруари 2007 до јануари 2014, беше конзул во Солун.

За време на неговиот престој во Солун, Министерството за надворешни работи (МНР) испрати и протестна нота до Грција откако тој беше приведен, па ослободен, кога во 2011 година, полицијата го сопрела, бидејќи не носел возачка дозвала. Бил задржан, но откако се јавил во тамошното МНР бил пуштен. По ова македонските власти ја повикаа тогашната амбасадорка на Грција во земјава, Александра Пападополу за да ѝ врачат протестна нота поради третманот на грчките власти кон македонските дипломати.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO