Со мачета во рацете, Сане Јованов од Чешиново- Облешево кој според објавеното на неговиот Фејсбук профил, е вработен во Центарот за управување со кризи (ЦУК),  на неколку фотографии, заедно со негови пријатели, упатува смртни закани кон премиерот Зоран Заев, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и претседателот на Собранието, Талат Џафери. На фотографијата тој држи мачета заедно со Дејан Анакиев (до скоро вработен во Шумска полиција).

На една од фотографиите, може да се види како Јованов седи во друштво со Анакиев и неговиот брат Ване. Вработен во подрачната единица за земјоделие. На фотографијата пишува, „Комити во одбрана на Македонија, Зајко спремај се“.

На друга фотографија, Сане држи ловџиска пушка, а во коментар пишува „Поздрав до Талат и Села“.

Инаку Сане Јованов  е активист на ВМРО-ДПМНЕ од Чешиново-Облешево, организатор на голем дел од протестите на земјоделците.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO