Ова е новата Влада на Финска. Од лево кон десно: Министер за образование – Ли Андерсон (32г.), Министер за финансии – Катри Кулмуни (32г.), Премиер – Сана марин (34г.), Министер за внатрешните работи – Марија охисало (34г.)

Владата на Република Финска, предводена од премиерката Сана Марин, има 19 министри, од кои 12 се жени и 7 мажи.

Социјалдемократската партија (СДП) има 7 министри, Централната партија (или Кескуста на фински) 5, Зелената лига (Вихрет) 3, Левицата алијанса (Васемистолиито) 2 и Шведската народна партија на Финска (РКП) 2.

На својата прва пленарна седница на 10 декември, Владата донесе одлука за поделба на должностите меѓу министрите, членовите на законските министерски комитети, министерските работни групи и замениците на министрите.

Владата на премиерката Марин, исто така, ја даде владината програма пред пратениците во Парламентот.

Министерот за финансии Катри Кулмуни е назначен за министер заменик претседател на Премиерот.

Ова се имињата и функциите на министрите:

Премиер: Сана Марин.

Министер за финансии: Катри Кулмуни.

Министер за европски прашања и сопственост : Тити Тупураинен.

Министер за надворешни работи: Пека Хаависто.

Министер за развој на соработка и надворешна трговија: Вил Скинари.

Министер за правда: Ана-Маја Хенриксон.

Министер за нордиска соработка и еднаквост: Томас Бломквист.

Министер за внатрешни работи: Марија Охисало.

Министер за одбрана: Анти Каиконен.

Министер за локална самоуправа: Сирпа Паатеро.

Министер за образование: Ли Андерсон.

Министер за наука и култура: Хана Косонен.

Министер за земјоделство и шумарство: Јари Лепчи.

Министер за транспорт и врски: Тимо Харавка.

Министер за вработување: Туула Хаатаинен.

Министер за економски прашања: Мика Линтила.

Министер за социјала и здравство: Аино-Каиса Пеконен.

Министер за семејни работи и социјални услуги: Криста Кијуру.

Министер за животна средина и климатски промени: Криста Миконен.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO