Контроверзниот српски разузнавач, Живаљевиќ, за неговото „присуство“ во Собранието рече дека тоа не било тајно ни скришно, дека македонските служби знаеле за тоа и дека побарале услуги од него, на што кабинетот на поранешниот претседател Иванов експресно реагираше со деманти, односно терање на мувата од капата, народски кажано.

Редакцијата на Фронтлајн доби информација дека Горан Живаљевиќ, за време на својот долгогодишен престој во Македонија, живеел во стан во Скопје што е во сопственост на познатиот македонски новинар Бранко Героски.

Фактот дека имињата на Живаљевиќ и на новинарот Героски се многу добро познати на македонската јавност, првиот по присуството во немилите настани од 27 април и упадот во Собранието, а Героски, секако, угледен новинар, колумнист, коментатор и уредник на печатени и електронски медиуми, е добра причина да се потсетиме, да си поставиме прашања и да побараме одговори.

Героски, исто така, е многу актуелен во нашата јавност како автор на „Кики-Фрики“ серијалот за случајот наречен „Рекет“ и по неговото  константно делење на, како што вели самиот, „добронамерни совети“ до премиерот Зоран Заев. Героски, како искусен новинар, исто така е познат и по дискрецијата кога се работи за заштита на изворот од каде ги добива информациите, особено во споменатиот случај „Рекет“.

Кратка хронологија на настаните и зошто Горан Живаљевиќ е интересен за македонската јавност

Горан Живаљевиќ е познат како еден од оние што беа во толпата за време на крвавиот напад на Собранието на 27 април 2017 година. Живаљевиќ во тоа време беше советник на Српската амбасада во Скопје и офицер на српската Безбедносна информативна агенција, БИА.

Контроверзниот српски разузнавач, Живаљевиќ, за неговото „присуство“ во Собранието рече дека тоа не било тајно ни скришно, дека македонските служби знаеле за тоа и дека побарале услуги од него, на што кабинетот на поранешниот претседател Иванов експресно реагираше со деманти, односно терање на мувата од капата, народски кажано.

Живаљевиќ тогаш потенцираше дека за престојот во Собранието добил одобрение од тогаш советникот за безбедност на претседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски.

– Тој човек (Синиша Алексовски), ја знаеше причината зошто бев таму и за тоа беше информиран, наведе Живаљевиќ своевремено.

Синиша Алексовски – советникот за безбедност на Ѓорѓе Иванов, за присуството на Живаљевиќ во Собранието на тој 27 април вели дека не ја знае причината за неговиот „престој“ во Собранието и истакна дека тој не е овластено лице кое дава одобрение за „престој“ во Собранието, но потврдува дека контактирал со Живаљевиќ вечерта на 27 април.

Во интервју за српската телевизија „Хепи“, Живаљевиќ кажува дека сите во Македонија ги знаат по име оние десетмина луѓе под маски кои упаднаа во Собранието на 27 април 2017 и ги тепаа пратениците на СДСМ и Зоран Заев.

„Гледај чудо, ако се сеќавате на оние фотографии од оние луѓе кои упаѓаат со маски и ги тепаат Заев и останатите пратеници, се наоѓа човек со амблем на ХОС, Хрватски оружени сили, Игор Југ, за кого ако внимателно ја гледате снимката, цело време при упадот ја држеше раката зад грб. Не сакам сега да калкулирам дали носел оружје или не, по некои информации тој беше човекот кој требаше да го убие Зоран Заев“ истакнува Живаљевиќ во интервјуто за српската телевизија.

Посочениот Игор Југ, кој според Живаљевиќ ја имал улогата да го убие Зоран Заев, за време на судењето за настаните од 27 април што го водеше судијката Добрила Кацарска, со виден наплив на револт реагира:

„Каде е српскиот шпиун Живаљевиќ?“ викаше во судницата Игор Југ.

Зошто Живаљевиќ го посочува Игор Југ и зошто Игор Југ бара одговор каде е Живаљевиќ, за македонската јавност остана непознато до денешен ден.

Тоа накратко би било потсетувањето околу офицерот на српската БИА, Горан Живаљевиќ, и неговата матна улога во случувањата од 27 април, кога се случи обидот за дестабилизација на државата.

За потврда на добиената информација, Редакцијата на Фронтлајн, преку меил се обрати до новинарот Бранко Героски, за тоа дали е точно дека Живаљевиќ бил потстанар во негов стан и во какви релации е со српскиот разузнувач Горан Живаљевиќ.

Новинарот Бранко Героски, мошне коректно, професионално и брзо, ни испрати одговор на поставените прашања во кои потврдува дека Живаљевиќ бил потстанар во негов стан околу 6 години.

Ова е одговорот на Героски:

Горан Живаљевиќ, како официјален претставник на безбедносните служби Србија, со легален статус на акредитиран дипломатски претставник на оваа земја во Скопје, живееше во стан кој беше во моја сопственост некаде од 2008 до 2014 година. Потоа, ако добро се сеќавам, тој замина на служба во Загреб.

При своето повторно враќање во земјава, еден период пред настаните во април 2017 година, па се до крајот на неговиот престој во Македонија, тој не живееше во мојот стан.

Моето познанство со Живаљевиќ беше површно, а односите беа пријателски. Тој не изразуваше интерес за разговор со мене за политички теми, веројатно почитувајќи го мојот статус на угледен новинар, како и сопствената улога на претставник на српските безбедносни служби, кој и официјално комуницирал и соработувал со македонските безбедносни служби.

Напоменувам дека во истиот стан и во други мои станови во минатото престојувале дипломати и странски државјани од САД, Турција и од други земји.

Станот во кој претстојувал Живаљевиќ, повеќе не е во сопственост на Героски.

Инаку, за Живаљевиќ се слуша дека сѐ уште е во Скопје и дека често се среќава со новинари и политичари по скопските кафулиња.

Јане Ѓорѓиоски за Фронтлајн

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO