Европа треба да одговори со санкции кон САД, доколку Вашингтон презеде мерки против компаниите кои учествуваат во изградба на гасоводот „Северен поток – 2“, повикаа од Германско-руската стопанска комора. Во меѓувреме, Вашингтон подготвува закон за санкции и против изведувачите на гасоводот „Турски тек“.

Германија реагираше на гласањето на воениот буџет на САД во американскиот Сенат и на предлог законот за санкции против „Северен поток 2“ изгласан во Претставничкиот дом. Во двата закони, за воен буџет и за санкции, вклучени се жестоки мерки против изградбата на овој и на „Турски тек“, уште еден руски гасовод.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO