Усвојувањето резолуција во американскиот Конгрес за признавање на геноцидот на Отоманската империја врз Ерменците во почетокот на 20 век ја „загрозува иднината“ на односите меѓу Турција и САД, предупредија турските власти. Сенатот едногласно вчера донесе резолуција со која се признава постоењето на геноцидот врз Ерменците. Претходно тоа го направи и Претставничкиот дом. Историчарите проценуваат дека во текот и по Првата светска војна биле убиени над милион ипол Ерменци.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO