Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави учеството на македонската делегација на денешниот Самит на Алијансата во Лондон и порача дека членството на земјата е позитивен чекор за целиот регион.
Тој додаде дека членството на земјата е знак оти вратите на Алијансата остануваат отворени и за други земји во иднина.

„Членството на Северна Македонија не е добро само за земјата, туку за регионот, тоа ќе покаже дека НАТО ја остварува политиката на отворени врати“, рече генералниот секретар на Алијансата.

Северна Македонија денеска за прв учествуваше како де факто членка на еден Самит на НАТО. Формално останува пристапниот Протокол за НАТО да биде ратификуван од страна на Шпанија и потоа во Парламентот во Скопје.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO