Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на ТВ 24 уште еднаш повтори дека неговата изјава дека ако бил млад, ќе се иселел од Македонија е само искрен однос кон младите. Нагласи дека тој никогаш нема да каже нешто, само колку некому да направи ќеиф и дека никогаш нека да ги лаже младите.

-Јас кажав дека ако сум на нивна возраст, и Македонија ќе отвара едно поглавје годишно со ЕУ, а претходно 15 чека за почнување преговори, со ниски плати, ќе се иселев и немаше да му верувам на ниту еден политичар.

Изборот е да ги лажам младите: за неколку месеци никој нема да ви бара книшка да се вработите, тоа ќе биде само според вашите квалитети, платата ќе биде 1.500 евра… или да ја зборувам вистината.

Од мене никогаш нема да чуете политичка фраза за да направам некому ќеиф. Ако мојата изјава ги натера да се селат, а не целата ситуација во изминативе 30 години…, вели Пендаровски.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO