Лидерите на НАТО денеска на вториот ден од нивниот состанок во близина на Лондон ќе расправаат за заканите со кои се соочува Алијансата, но и за разликите и поделбите во врска со идната стратегија. Лидерите ќе се сретнат во луксузниот голф ресорт во Ватфорд, 25 километри северозападно од Лондон на тричасовни официјални разговори.

Самитот започна вчера со прием кај кралицата Елизабета Втора. Претходно неколкумина лидери одржаа билатерални средби. 29 земји членки треба да официјализираат околу 50 одлуки со цел адаптирање на НАТО во новата глобална безебедносна околина. Меѓу другото ќе биде усвоена и декларација дека наскоро Северна Македонија треба да биде 30 членка на НАТО.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO