Германските власти извршија претрес во канцелариите на „Фолксваген“, како дел од истрагата за манипулација со тестови за емисии на издувни гасови кај дизел возила, со цел автомобилската компанија да ја заобиколи еколошката регулатива. Кабинетот на обвинителот во Брауншвајг потврди дека ја предводел истрагата, но не соопшти детали, бидејќи истрагата е во тек.

„Фолксваген“ соопшти дека во целост соработува со обвинителите и дека пребарувањето во канцелариите е дел од истрагата за моделот на мотори ЕА 288. Исто така компанијата наведува дека EA 288 е веќе тестиран и дека не се утврдени никакви манипулации.

Обвинителите во Брауншвајг во септември објавија дека ги обвиниле сегашниот и поранешниот извршен директор на „Фолксваген“ за манипулација со пазарот во врска со скандалот со емисии на издувни гасови кај дизел возила, кој се случи во 2015 година.

Автомобилскиот гигант кон крајот на септември се соочи со прво судење во „аферата Дизелгејт“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO