
Со претседателот Владимир Путин, ќе разговараме за клучни прашања како што се Косово, ситуацијата во Западен Балкан, ситуацијата во Европа, во евроазискиот регион, но и низ целиот свет.
Ова го кажа српскиот претседател Александар Вучиќ неколку часа пред денешната средба со Путин во Сочи денес. Според него, „е исклучително важно Србија да разговара за билатералните односи и да ја зголеми трговијата откако ќе биде потпишан договорот со Евроазиската унија“.
Минатата година трговијата меѓу двете земји изнесуваше 3,6 милијарди долари. Важен дел од разговорот меѓу двајцата ќе биде соработката во областа на железничката мрежа во Србија. „Русите, заедно со Кинезите, ќе ја градат железничката пруга Нови Сад-Белград до ноември 2021 година. Со нив, ние ќе градиме диспечерски центар вреден 100 милиони евра“, рече Вучиќ.
