Ниту еден вработен во државава од овој месец нема да добива плата помала од 14.500 денари. Висината на минималната плата по неколкумесечно преговарање беше усогласена преку социјален дијалог со сите социјални партнери, во договор и со синдикатите и работодавачите.

Од Владата очекуваат со ова да се зголеми стандардот на работниците, но и да се поттикне натамошно зголемување на платите, кои претходно биле исти или повисоки од сегашната минимална плата. Работодавачите, иако дел сметаат дека ќе им претставува дополнителен товар, се свесни дека пораст на платите мора да има со цел да се задржат работниците.

За зголемување на платата се очекува работодавачите да ги искористат и владините мерки за субвенционирање на придонесите за покачување на платите од 600 до 6.000 денари.

Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува од 20 до 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планирани 2 милијарди и 400 милиони денари.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO