САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, објави државниот секретар Мајк Помпео на неговата страница на Твитер.

„Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО“, објави шефот на американската дипломатија.

Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22 октомври годинава. Од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија ја дели само една ратификација, со оглед дека за десет месеци протоколот за пристапување во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки. Се очекува и на Самитот на НАТО што ќе се одржи утре и задутре во Лондон, во завршната декларација да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO