Во Мадрид денеска започнува двонеделниот климатски самит на кој учествуваат претставници на речиси 200 земји, кои ќе разговараат за правилата со кои треба да се постигне договореното за ограничување на глобалното затоплување.

Климатската конференцијата требаше да се одржи во Чиле, но по протестите таму, беше одлучено самитот да се одржи во Шпанија.

Се очекува на самитот да присуствуваат околу 50 светски лидери, кои треба да ги финализираат правилата за тоа како да го спроведат парискиот договор за климата. Од САД ќе присуствува дипломатски тим, но нема да има високи членови на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO